Народните носии од Преспа се носеле во селата по брегот на Преспанското Езеро означени со топонимот Преспа. Во овој регион се носат две различни носии, секоја од нив со поинакви стилски и естетски карактеристики – носијата од Горна Преспа, кон која со незначителни разлики се приклучува и народното облекување од градот Ресен, и носијата од Долна Преспа
НОСИИ ГОРНА ПРЕСПА
Горна Преспа женската носија се состои од кошула од тенко платно, украсена со извезени стилизирани вегетабилни мотиви на ракавите, од волнени или свилени разнобојни конци, врз која се облекува џупа од пругасто – шарен материјал и шегун од бела клашна со куси ракави, украсени со волнени поткити и гајтани. Скутината предсемник се опашува под половината, каде што се наоѓа многупати обвиен црн, долг, плетен волнен појас. Карактеристика на невестинството е горната облека џубе од црна чоја со раскошни украси од срма.
НОСИИ ВО ДОЛНА ПРЕСПА
Долна Преспа се наоѓа во најјужниот граничен дел и само неколку села се на територијата на Македонија, а сите останати од другата страна на границата.Народната носија од овој предел е веќе сосема изобичаена. Од некои зачувани примероци дознаваме дека некогашните облеки, односно оние што биле во употреба до крајот на 19 век, биле сосема поинакви од тие во Горна Преспа. Кошулите се со богат вез на ракавите, клашнените облеки – шегуни, ресачки, декоративните ткаени скутини чултар, со богатите реснати украси од чоја, како и шарените плетени чорапи, сите во светлоцрвена боја, ја оформуваат носијата од овој регион. Но наместо оваа носија, во која доминирале извезени и вткаени мотиви во светли и живи бои, под влијание на комитските акции во предилинденскиот период, По востанието од 1903 година, почнуваат, како израз на жалост за неуспешниот обид за ослободување, да се носат облеки главно во црна боја. Тие носии, во кои сите делови од носијата се приготвени и украсени со материјали во црна боја, брзо се прошируваат и во другите соседни региони – Прилепско Поле, Битолско Поле, Горни Битолски села, Леринско Поле.
НОСИЈА ОД ЛЕРИНСКО
Леринска Река, чие население е познато како рекарци, подолго е зачувана женската носија која се состои од кошула со бел ажурен вез по долниот дел и разнобоен на ракавите, шајак од бела клашна со везбени и аплицирани декорации, ткаен појас и скутина – прегач. Во составот на носијата е и облеката ресачка или власеник од црна клашна, со рески од внатрешната страна, слична со истоимените облеки од Долнопреспанските села и Костурско. Невестинската носија е дополнета со дополнителни украсни детали ќесици – извезени делови за над ракавите на шајакот, буљка – капа со заострен врв, дулбен, коцле, преврска, како и обилен метален и монистрен накит. Женската кошула од бело домашно платно, е извезена со специфична декорација, изведена исклучиво со крвчиња, а над неа се облекувале волнени клашнени облеки – ќурдија, ресачка, власеник. Се опашувале со ткаена волнена скутина прегач, а главата ја нокривале со бели даркми.