25.07.2024
По кратко боледување во Скопје почина Анета Ѓошевска, поранешна новинарка во дневниот весник “Вечер”.
Својот работен век го помина подготвувајќи вести во деск, а потоа и во забавната и во културната редакција.
Извесен дел од својот живот работеше во Малта, период за кој истакнуваше дека ѝ исполнил дел од сонот, а по враќањето од таму повторно соработуваше со женски списанија во земјава.
Анета е родена во Скопје, во 1978 година. Средно образование заврши во гимназијата “Јосип Броз Тито”, а студираше на правниот факултет во Скопје, на Универзитетот Кирил и Методиј.
Колегите и колешките ќе ја паметат по колегијалноста и смислата за дружење и хумор со кои ја размекнуваше реалноста, нешто што го правеше нејзиното присуство секогаш пожелно и добредојдено, а неа толку прекрасна…