За весникот на пролетта- Кокичето

Кокичето (Galanthus nivalis) е еден од првите пролетни цветови, во зависност од регионот, тие се појавуваат во февруари и март, често додека снегот сѐ уште ја покрива земјата. Ова ниско растение ја добро успева од делумна сенка до целосна изложеност на сонце, разновидните типови на почва ги исполнуваат неговите услови за раст се додека се со добри дренажни карактеристики за да не се задржува вода која може да биде штетна за растот и речиси не бара одржување.

Најчесто кокичињата се мали растенија од 7 до 15 сентиметри високи кои произведуваат мали бели цветови чија големина достигнува најмногу до 2,5 см. Цветот виснува надолу од својата дршка како “капка” пред отворањето а кога се отвора цут, три надворешни ливчиња излегуваат над три внатрешни ливчиња. Кокичињата се повеќегодишни растенија чија луковица во земјата со текот на времето ќе се мултиплицира и затоа може лесно да се размножуваат и да се пресадат на некое ново место. Се што треба да направите е внимателно да ја извадите луковицата на кокичето од земја  и новите изданоци да ги поделите и самостојно да ги насадите во земја. Ова е најдобро да се направи откако листовите на кокичето ќе овенат на природен начин.

Таксономијата на растенијата ги класифицира вообичаените кокичиња како Galanthus nivalis. Името на родот се однесува на белата боја на цветот, гала од грчки за “млеко”, додека антос е грчки за “цвет”, а nivalis е латински за “снег”. Тие се класифицираат во растенија со пролетна луковица и потекнуваат од Европа и Југоисточна Азија.

Кокичињата најдобро успеваат во поладни зони додека оние кои се садат во потоплите зони може со тек на времето да ја изгубат својата раскошност,  секако има различни видови растенија во истата фамилија кои се одлични и за садење во потоплите зони.

Кокичињата најчесто се садат во групи и со тек на време ќе се зголемува нивниот број и ќе згуснуваат. Најчесто се садат измешани со други пролетни луковици како што се, крокус, лале, нарцис и многу други. Луковицита на кокичето слободно може да се засади под некое дрво во околината на неговото стебло без да се грижите дека нема да добие доволно сонце затоа што растението завршило со процесот на задржување на хранливи материи во луковицата и создало цвет многу порано отколку што дрвото ќе ги пушти првите листови. Мали растенија кои бараат земја со добра проводливост на вода за да не им иструли самата луковица а исто така се погодни и за садење  во каменити градини, шумски градини, месечеви градини и вечерни градини.

На кокичињата им е потребно постојано сонце или парцијална сенка. За најдобри резултати насадете ги во земја со добра дренажа која има голем процент на хумус. На север нема потреба од многу наводнување додека на југ потребно е повремено да ги полевате. Насадете ги луковиците на длабочина од 5 до 7 сентиметри, во групи од по 25 луковици за најдобар ефект. Препорачано време за садење е есен. Ова се малечки растенија кои сами по себе нема да создадат изненадувачки ефект но ако насадите еден поголем дел со кокичиња кои ќе го заменат последниот снег со своите бели цветчиња тогаш ќе имате прекрасна слика која ви ја најавува пролетта. Листовите на кокичето не треба да се отстранат откако кокичето ќе прецвета туку треба да се остават природно да се исушат затоа што на овој начин луковицата која е под земја преку листовите собира хранливи материи и нова енергија за следната година повторно да создава уште поголем број на цветови.

Кокичињата се мултиплицираат преку нови изданци на својата луковица, па едноставно може да ги извадите од земја да ги раздвоите ново настанатите луквици и повторно да ги насадите на есен.

Кокичињата не се подложни на сериозни болести и проблеми со штетници, но сепак мора да се напомене дека луковиците на кокичињата се отровни за луѓето, мачките и кучињата па затоа треба да се внимава да не се проголта и препорачливо е да се користат ракавици кога се работи на нивното садење и расадување, бидејки некои луѓе може да развијат иритација на кожата.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.