За нашите миленици

Никој не умее да ви возврати со толкава благодарност и на најмалото внимание. Сепак, понекогаш е потребно да им обрнете дополнително внимание и да ги препознаете нивните потреби и можно незадоволство. Здрав миленик – среќен миленик.

Кога мачката ќе престане да си игра

Најочигледниот знак на незадоволство кај мачката е недостатокот на игра. Ова темпераментно животно не престанува да игра се до својата длабока старост. Затоа ако забележите дека вашата мачка/мачор ја избегнува вообичаената игра, не трча по топчиња, клопчиња, инсекти или која  и да е неговата омилена забава веднаш треба да реагирате бидејќи тоа значи дека нешто не е во ред. Не чекајте да и помине лошото расположение, туку веднаш однесете ја на ветеринар. Нема потреба за паника бидејќи причината за промена на однесувањето може да е и наједноставен проблем кој брзо ќе се реши но ништо не треба да се игнорира.

Направете му засолниште на ежето во вашиот двор

Доколку во двор имате еж,направете му засолниште во кое ке може да се скрие и да јапомине зимата. Старо стебло, неколку гранки или насобрани листови се доволни за ова животинче да има свое засолниште.Ежињата најмногу јадат инсекти, но не одбиваат ни полжави, глисти, мали глувчиња и плодови кои паднале од дрвата.

Желка – Одвојте го мажјакот

Недостаток на соодветен простор може да претставува сериозен проблем за желката, скромна и мирољубива животинка која скоро никогаш не покажува аномалии во однесувањето. Но, до тоа сепак може да дојде кај женките во случај ако нема доволно простор за положување на јајцата, особено ако е терариумот плиток и со тврда подлога. Доколку мажјакот е нападен и ја вознемирува женката, може да настане проблем во процесот на положување на јајцата. Затоа во оваа фаза најдобро е да се раздвојат мажјакот и женката со поставување на физичка бариера меѓу нив во самиот терариум. Истотот треба да се направи и ако имате двајца мажјаци меѓу кои постои ривалство.

Мачката е најголема спанка меѓу милениците

Мачките се познати по тоа што најголемиот дел од животот го поминуваат спиејќи. Како поминуваат годините стануваат се поспори а потребата за спиење им е се поголема. Ова е последица на дебелината, особено ако живее во затворено. Од таа причина кога мачката ќе влезе во поодминати години, добронамерниот сопственик на треба да ја размази и да и угодува на секој можен начин, туку да се спротистави на нејзината мрзеливост. Подтикнете ја да биде активна, да се движи и трча, играјте со неа и набавете или направете некоја играчка. Исто така бидете умерени со храната и наполнете и го тањирчето само кога самата ќе побара.

Најбитно пред да решите воопшто да земете домашен миленик без разлика дали е риба, куче, маче, папагал или некое поегзотично животинче мора вистински посветено да се информирате и да се подготвите, затоа што навистина е жално да гледаме напуштени миленици кои завршуваат на улица затоа што не сте знаеле што ве чека. Како и луѓето така и животните имаат свои потреби, физиолошки но и потреба за љубов, грижа, дружење, игра, гушкање, имаат чувства, и патат кога некој ќе ги повреди но за разлика од нас немаат зборови како тоа би ни го кажале па затоа мора ние да зборуваме за нив.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.