Детскиот културен центар „Карпош“ објави дека и во услови на пандемија нема да дозволи најмладите да останат без прослава на најшарениот и најразигран ден во годината.
На 1 април, со почеток од 12 часот, на ФБ страницата на на Детскиот културен центар „Карпош“ ќе се одржи пренос во живо на градската априлијада со цел децата да имаат можност да бидат дел од неа и да не ги запостават своите грижливо избрани маски.„ Смеењето е здравје, а во моментот здравјето ни е најпотребно“, се вели во соопштението на ДКЦ „Карпош“.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.