Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”, во четврток на 11 април 2024 година, во хотел „Континентал”, од 10 часот ќе промовира Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата.
На овој настан модератор ќе биде Јана Николовска- ученичка во СУГС “Орце Николов” и волонтерка во ПДАС МЕЃАШИ.
Во првата сесија ќе се зборува за “Поставување на заеднички принципи, вредности и заеднички пристап во развојот на превенцијата од појава на насилство во училиштата”.
Говорници: Драги Змијанац- претседател и основач на Прва детска амбасада во светот “Меѓаши”, Моника Илиоска- Кантарџиоска, раководителка на програми во Коалиција за младински организации, СЕГА и Софија Георгиевска, авторка на Водичот.
Темата на втората сесија е “Концептот на вмрежување и разбирање на потребите на учениците во создавањето безбедна училишна средина”.
Говорници: Вероника Петрова, ученичка во СУГС “Георги Димитров”, Катерина З. Попова, родител и Светлана Аспровска- Тодоровиќ, училишен психолог во СУГС „Георги Димитров” .