Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ неодамна го збогати својот фонд со неколку изданија од сликовници кои сигурни сме дека ќе го привлечат вниманието за нивно читање од страна на децата и нивните родители.
Ви претставуваме шест сликовници од едицијата „Мала Европа“ од издавачот Либи од Скопје.
„Самовилата која гледа во темнина“ од унгарецот Ласло Багоши.
„Мама“ од белгиските автори Елон Делфорж и Кентен Гребен.
„Чао“ од Едвард де Вендел и Марије Толман од Холандија.
Во оваа понуда се најдоа и две прекрасно дизајнирани сликовници од македонскиот автор Ване Костуранов кои со самото појавување во книжарниците станаа бестселери. Се работи за сликовниците: „Девојчето и градот“ и „Девојче и мече“.
Посебно богата со илустрација и прекрасни четива е сликовницата „Бајки од Македонија за цела година“.
Зачленувањето во НУ Библиотека „Григор Прличев“ за една година за деца е 200 а за возрасни 300 денари.
Пултот за зајмување во библиотеката за читателите е отворен од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот.
„Бајки од Македонија за цела година“ во НУ Библиотека „Григор Прличев“
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.