НУ Библиотека „Григор Прличев“ декември го започнува со пет нови наслови кои од денеска можат да се најдат на пултот за изнајмување во охридската библиотека.
„Во војната и љубовта“ од македонската актуелна авторка Верица Митева во издание на “Паблишер” .
Од издавачот “Сакам книги” се следниве четири наслови: „Можеби овој Божиќ“ и „Летото смени се’“ од Сара Морган.
Како добар предлог тука се и втората и третата книга од серијалот Роберт Хантер од авторот Крис Картер: „Џелатот“ и „Демнач во ноќта“.
Потсетуваме дека годишната членарина во библиотеката е 200 денари за деца и 300 денари за возрасни.
Библиотеката за работа со читатели е отворена од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.