Скопје, 26 мај 2022
Уште еден настан си зеде значајно место во серијата настани во чест на македонскиот великан Гоце Делчев, кои се одржуваат цела оваа година, по повод 150 годишнината од неговото раѓање.
Овој пат тоа беше интересен мултимедијален настан, сочинет од изложба на Цветинови цвеќиња за мир, рецитација, песна и шаховски натпревари, пред Студентскиот дом “Гоце Делчев” во Скопје.
Со топла поздравна реч организаторите Живко Поповски – Цветин, организаторот, Даниела Темелкова директорка на домот, како библиотекарот и поет Драган Славков, ги поздравија гостите, учесниците во програмата и студентите, а Славков кој се претстави и со рецитација на стихови.
Поезијата зеде главен збор и преку настапите на пишувачите Мендо Димовски, Лилјана Стоилковска која “на суво” запеа и убава македонска песна за овчарите, Ѓорги Ѓоргиевски Ѓе.Ѓе. рецитира ше и свои патриотски и печалбарски поеми, воедно ја изрњцитира и “Везилка” на Конески, а слушнавме и поетски написи од Билјана Ѓоревска, Катерина Митковска, Викторија Велева, шахистот Димитар Илиевски, Тихомир Јанчовски, поет и универзитетски професор, Зоран Карапанчев од Литературното здружение “Св.Климент Охридски” од Торонто, Канада и од неговата сопруга Весна, просветен работник...
Со стиховите на песната “Ружа” од Блаже Конески Цветин и во поетски манир им се обрати на сите, чија цветна лента од 15 метри, како и бројни рачно изработени цветни цртежи го украсија дворот на домот, во што уживааа присутните и студентите, сместени под овој покрив…