!
Офицерски дом – 23/11 од 11- 19 часот.
Станува збор за настан каде што ќе ги претставиме креативните индустрии, на едно место, во еден изложбен простор за да го прикажеме нивниот потенцијал и што се креативноста може да создаде. На саемот ќе изложуваат повеќе претставници од креативните индустрии од Битола и околината и тоа мода, уметност, музика, дизајн, видео игри, филмови, аугментирана реалност, гастрономски производи, уникатни креации, литература и повеќе.
Може да присуствуваат сите заинтересирани групи ученици, а влезот е бесплатен. Фокусот е пред се деца и млади и е од едукативен карактер.
ЌСметаме дека би било интересно сите деца да го проследат настанот на кој ќе има многу изненадувања за нив и ќе бидат анимирани од самите изложувачи со кусо претставување на производите што се презентираат, вели организаторот.