Утре, крводарителска акција во Гевгелија

Под мотото „Крвта да го чека болниот, а не болниот да чека крв“, ОО Црвен крст Гевгелија организира крводарителска акција за граѓаните од општина Гевгелија, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина. Крводарителската акција, која е прва во новата година, утре (24 јануари, 2023 година) ќе биде одржана во просториите на Народен театар- Гевгелија, во периодот од 10 до 16 часот. Кандидатите кои сакаат да ја даруваат својата крв треба да го најават своето учество на телефонскиот број: 077 750 120.
Во текот на минатата година, ОО Црвен крст Гевгелија беше организатор на 11 крводарителски акции, на кои беа собрани 700 единици крст.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.