Успешно помина Фестивалот на италијанска храна во Скопје

Во релаксирана и убава атмосфера, викендов (4-5 декември 2021 ), на плоштадот Македонија во Скопје се одржа се одржа Фестивал на италијанска храна, организиран од Амбасадата на Италија и ITA-Italian Trade Agency, со кој се одбележа 6-тата Недела на италијанската кујна на светот.
Посетителите уживаа во италијанските специјалитети инспирирани од традицијата на регионите Кампаниа, Венето, Лацио, Тоскана и Емилија- Ромања кои специјално за оваа прилика ги подготвија некои ресторани кои нудат италијанско мени, се купуваше италијанско кафе, ликери, вина, пиво и специјалитети со тартуф од увозниците.
Многу дружење, забава и танцување на звуците на италијанската музика кои одекнуваа на плоштадот Македонија. Со овации и аплаузи беше проследен концертот на баритонот Павле Камилоски, саботата попладне, а забавата продолжи до вечерните часови.
Во неделата на пладне, најсреќните посетители беа извлечени на лотарија и добија вредни награди од спонзорите, а гостите повторно се забавуваа до доцна попладнето со најпознатите италијански хитови во интерпретација на бендот NSX.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.