Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Македонија, CRPM, овие два дена е домаќин на регионалната конференција “Смарт Балканс 2023” насловена „Мир и просперитет во Западен Балкан: Што му се заканува на регионот и како да се искористат можностите?”.
По обраќањето на Н.Е. Кристин Мелсом, Амбасадорка на Кралството Норвешка за Србија, Црна Гора и С. Македонија- Славјанка Петровска, Министерка за одбрана на Република С. Македонија- Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП- Дајана Цвјетковиќ, програмската менаџерка на СМАРТ Балканс од Centar za promociju civilnog društva, БиХ, и уште неколку говорници и панелисти, своја сесија имаа десетте новинари и уредници од Балканот, меѓу кои и нашата уредничка Валентина Ѓоргиевска Парго, како единствен македонски новинар. Тие дискутираа на тема за “Говор на омраза и насилство во официјалните медиуми и на социјалните мрежи”. Заклучоците ќе бидат изнесени по завршување на конференцијата, утре 15 декември 2023 година.
Воедно, во рамките на своето излагање, уредничката ја најави својата нова книга на оваа тема “Горка кнедла”, која организацијата Новинари за човекови права- Journalists for human rights ќе ја промовира следната недела во Public room во Скопје.
Конференцијата продолжува и денес и утре во хотел “Хилтон дабл три” во Скопје.
Уредничката на КулАрт, Валентина Ѓоргиевска Парго, на конференцијата “Смарт Балканс”
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.