Under 600- нова платформа за вмрежување и споделување идеи за независниот театар од Западен Балкан

Јануари, 2025 година

 

Здружението за културно-уметничко и едукативно дејствување „Штрих“ од Скопје, заедно со независните театри „Дах“ од Белград, Србија и „Корифеј“ од Колашин, Црна Гора ја лансира платформата „Under 600“, поддржана од Британскиот совет преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европска унија. Целта на платформата е да се создаде заеднички простор за комуникација на независните театарски работници.

„На платформата може да гледаме како на дигиталнeн простор- организациите и поединците од независниот театарски сектор ќе можат да комуницираат, да градат партнерства, но и да откриваат нови можности за реализација на своите идеи преку нејзините спецификации. Ги охрабруваме сите од овој сектор да се регистрираат како поединци или организации на следниот линк: https://under600platform.com/.“ – Андреа Маркоска, дел од тимот на проектот.

Комуникацијата на платформата ќе биде започната со три промотивни панел-дискусии на различни теми поврзани со независниот театарски сектор. Првата панел-дискусија, што ќе се одржи денес (петок) на платформата „Зум“, го носи насловот: Spotlight on sustainability: how to evolve the independent theatre for tomorrow, tomorrow, and tomorrow. Говорници на дискусијата ќе бидат: Петар Антевски, Ивица Димитријевиќ и Билјана Радиноска.

Платформата е само почеток на еден поголем проект кој ќе вклучува активности поврзани со независната театарска сцена oд Западен Балкан, како и фестивалска копродукција помеѓу фестивалите „Уметноста и човековите права“ на „Дах театар“ од Белград, „Корифеј – фестивал на алтернативен театар“ во Колашин и „Under 600“, организиран од „Штрих“, како нов фестивал на независни театарски продукции.

Оваа иницијатива е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ (CC4WBs), финансиран од Европската унија, кој има за цел да го подобри дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор, како и развој на потенцијалот на секторот за социо-економско влијание во овој регион.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.