Општина Карпош со својата механизација сите собрани суви гранки од денеска ќе ги носи во Зоолошката градина – Скопје, каде што ќе бидат преработувани и повторно искористени за создавање на подлога на животните – мајмуните. Со ваквиот начин на постапување со отпадот, Општина Карпош и практично станува пример за правилна обработка на отпадот и негово повторно користење.
– Наместо сувите и скршени гранки да остануваат по јавните површини и парковите, истите ќе бидат преработени и ќе придонесат кон создавање на поприродна средина за живеење на мајмуните во Зоолошката градина, која територијално е под Општина Карпош, се наведува во соопштението од прес-службата на Општина Карпош.
Од таму велат дека овој позитивен пример, за преработка на суви гранки е практика во повеќе развиени земји.
– Неодамна и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев беше во студиска посета на Германија, каде што имаше можност да се увери во повеќе примери за паметно искористување на отпадот и рекултивирање на јавните површини. Во изминатиот период, голем дел и од запленетите гуми кои често придонесуваа за загадување на амбиенталниот воздух беа донирани во Зоолошката градинка или во воспитно – образовните установи, со цел да бидат искористени на креативен начин,