Хемичарката Светлана Мојсов е кандидат за Нобелова награда

Фото: Рокфелер Јуниверсити

 

10.10.2024

Светлана Мојсов е родена скопјанка и работи како вонреден професор на универзитетот Рокфелер. Таа е кандидатка за Нобелова награда следната недела.
Ова го сподели на социјалните мрежи експертот од Хардвард Владица Величковиќ.
Оваа хемичарка е светски познат научник чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина.
Во 1980-тите, таа се преселила во Општата болница во Масачусетс, каде што почнала да го истражува тогаш мистериозниот GLP-1 (пептид 1 сличен на глукагон). Таа беше првата што ја идентификуваше биолошки активната секвенца на GLP-1, скриена во неговата целосна низа од 37 амино киселини.
Мојсов се најде во овој престижен избор заедно со уште двајца научници, Џоел Хабенер и Ден Дракер, во сегментот „Пионери“, меѓу други влијателни личности како Америка Ферера, Лесли Локо, Офелија Дал, Кенеди Одеде и други.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.