Сојузот на стопански комори на Македонија организира настан за енергетски технологии

Сојузот на стопански комори на Македонија организира настан ,,Кnowledge triangles for green and digital transformation ,,SEBCOVE PROJECT,, WP3-knowledge triangles”.
Овој настан е поддржан од проектот финансиран од ЕУ, SEB CoVE – паметни згради за електрична енергија, фокусирајќи се на формирање COVE- Центри за развој на вештини.
Настанот ќе ги собере клучните чинители од академијата, индустријата и  Владата за да поттикне соработка и размена на знаења за оддржливи  и паметни енергетски технологии, можност за поврзување со експерти, истражувачи и индустриски лидери во областа и дополнителна можност да се сподели експертиза и истражат можностите за иновации во контекст на проектот SEBCOVE.
Сојуз на стопански комори на Македонија на 19 ноември, како деловна мрежа прославува  20 години на постоење и се заокружуваат две децении заедничка работа во глобално поврзување и заедничко градење политики потребни за придвижување напред, истовремено поддржувајќи ги компаниите и нивно вмрежување за бизнисите бидат поотпорни, одржливи, дигитално пријателски и инклузивни.
Сојузoт на стопански комори на Македонија продолжува да делува како релевантен партнер, кој гo застапува гласот на бизнис заедницата и активно учестува во креирањето на националните и економските политики и заеднички со бизнис секторот го дава својот придонес за  економски развој.
На настанот ќе говорат Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија,  Горан Ѓорѓиевски потпреседател на Сојуз на стопански комори на Македонија , г-дин Орце Симов потпреседател на Сојуз на Стопански комори на Македонија .
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.