Почетна ЖИВОТ Хуманост и семејни вредности Спроведена поттикнувачка акција “Не под тепих”

Спроведена поттикнувачка акција “Не под тепих”

Во Скопје беше спроведена креативна акција Не под тепих. Поттикнати од постојаните апели на Државната комисија за спречување корупција, која со месеци и години чека другите државни институции да одговорат на нејзините иницијативи, се обидовме со урбана акција на симболичен начин да им дадеме поддршка и да ги извадиме случаите од под тепих, велат организаторите.

-Веќе 30 години крупни корупциски случаи, но и безброј секојдневни проблеми на граѓаните, се ставаат под тепих. Вчера го прекинавме овој обичај. Барем симболично, ги извадивме случаите од под тепих. Земете го вашиот „Случај“ и ставете го НАД тепихот. Граѓаните напишаа кој случај прв треба да се извади од под тепих, го напишеа нивниот случај – маката која ја имаат поради корупција, или едноставно оставија празен лист, барем како потсетување повеќе дека проблемите веќе не смеат да се пикаат под тепих“ – велат #kreativnaantikoprupcija.

 

 

metropolis-big