Хуманитарен концерт по повод Меѓународниот Ден на Грижата за повеќе Згрижувачки Семејства 

На 29-ти октомври 2024 година, со прекрасна атмосфера и искрени емоции, се одржа хуманитарниот концерт по повод Меѓународниот ден на грижа и поддршка.

Во организација на СОС Детско Село, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Гази Баба, настанот, имаше за цел да ја подигне свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната непроценлива улога во општеството.

Голема благодарност и до Силви Бенд кои внесоа позитивна енергија и радост, но и ги

инспирираа присутните да размислат за својата улога во заедницата и можноста да станат згрижувачи.

“Денес го славиме згрижувањето како акт на љубов и поддршка за децата кои најмногу имаат потреба од сигурност и внимание. Како Министерство за социјална политика, демографија и млади, преку различни програми и проекти, продолжуваме да работиме на унапредување на  системот на згрижување, да ја подигаме свеста за важноста на семејното згрижување и да охрабриме што повеќе семејства да се вклучат.“- изјави г-дин Ѓоко Велковски, Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади.

Овој настан имаше за цел да ја подигне свеста за важноста на згрижувачите и да ги мотивира новите кандидати да се приклучат на оваа благородна мисија. Преку оваа иницијатива, се нагласи значењето на згрижувачите, кои играат клучна улога во заедницата, обезбедувајќи дом и семејство за децата кои имаат потреба од топлина и сигурност.

“Како општина, продолжуваме со заложбите за поддршка на семејното згрижување, бидејќи веруваме дека секое дете заслужува шанса да расте во безбедна и стабилна средина, опкружено со грижа и љубов. Затоа, и оваа година ја организираме оваа промотивна активност, каде што ја подигаме свеста за значењето на згрижувањето и ја изразуваме нашата длабока почит кон сите згрижувачи.“- додаде во своето обраќање г-дин Бобан Стефковски, Градоначалник на Општина Гази Баба.

На настанот беше потенцирано дека згрижувањето не е само професија, туку мисија која носи позитивни промени во животите на децата. Секоја личност која станува згрижувач е дел од трансформацијата на едно детско срце, создавајќи можности за емоционален и психолошки развој.

„ Згрижувањето е во голема мера синоним за работата на СОС Детско Село, но за нас исто

така претставува и наша морална одговорност. Сведоци сме на неверојатните приказни на

посветеност и љубов што ги покажуваат згрижувачките семејства да создадат топол дом и грижа за секое дете, бидејќи згрижувачите се оние кои го гарантираат и овозможуваат вроденото право на секое дете на животен стандард кој ќе дозволи физички, ментален, духовен, морален и социјален развој.“- изјави директорката на СОС Детско село Скопје, Наде Качакова.

Пораката беше јасна- секое дете заслужува шанса за сигурен дом и љубов.

СОС Детско Село повикува сите кои сакаат да направат разлика во животот на едно дете да размислат за оваа важна улога и да се приклучат како згрижувачи.

Повеќе информации за тоа како да станете згрижувач можете да најдете на

www.zgrizuvanje.mk или на 075 277 447.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.