Гевгелија, 24.12.2021
Во рамките на редовните средби со граѓаните, претставниците на локалните институции и граѓански здруженија,
градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари работен состанок состанок со претставници на Ансамблот за традиционални игри и песни „Бојмија“ и КУД „Распеани
гевгеличани“. Имено, на состанокот стана збор за нивните тековни активности и активностите кои следат во наредниот период, за промоција на културното наследство и богатство, во областа на
фолклорот и традицијата. Како и за унапредување на соработката помеѓу локалната самоуправа и културните здруженија, се со цел културно-забавниот живот во Гевгелија да ги задоволи потребите на граѓаните.
Слушајќи ги потребите изнесени од страна на претставниците на овие две културни здруженија, Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
истакна дека Општина Гевгелија е отворена да им излезе во пресрет на нивните барања. Потенцирајќи дека поттикнување на културата е од големо значење за нејзиниот развој. За таа цел е и Програмата на Општина Гевгелија за финансиска поддршка на културните манифестации и проекти, која е главен извор за поддршка на културните активности. Преку која се овозможува
афирмација на културното наследство и богатство, одржување континуитет на традиционалните културно-уметнички
манифестации, поддршка на млади уметници од областа на културата, воспоставување заедничка соработка и партнерства со повеќе културни установи на локално, државно и меѓународно ниво…