Во угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, годинашната „Вешта жена “ беше отворена со обраќање на претседателот на Здружението на слепи лица, Лазе Трајков и секретарот Весна Аризанова, честитајќи го 15 Октомври.
За одржувањето на оваа манифестација, Трајков упати благодарност до Општина Гевгелија за поддршката преку Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на културата 2023 година. Притоа, програмските активности по повод одбележувањето на Меѓунаредниот ден на белиот стап опфатија подготовка на традиционална храна од женските членови на Здружението, којашто беше презентирана на настанот.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.