Пред повеќе од една година град Скопје ја презеде иницијативата да го затвори нехуманиот стационар „Вардариште“ и одлучи објектот да прејде во надлежност на ново јавно претпријатие. Тогаш го формира Јавното претпријатие „Лајка“ кое требаше да биде само една почетна алка од синџирот хуман пристап и решавање на проблемот со уличните кучиња.
Но, претпријатието сеуште не функционира.
Од Градот информираат дека стационарот е во завршна фаза, но пандемијата го отежнала завршувањето на активностите , но дека на крај на месец мај „Лајка“ ќе работи со полн капацитет.
Заради спорото решавање на толку бомбастичното најавување на похуман пристап кон уличните животни , главниот град речиси цела година е без стационар а бездомните кучиња неконтролирано се размножуваат. Во изминатово време на корона имаше многу труења на улични кучиња и нехуман однос кој резултира со поедини напади од страна на кучињата, кои патем се гладни и незгрижени.
Да се надеваме дека Градот Скопје многу брзо ќе го отвори прифатилиштето„Лајка “ каде уличните ќе добијат соодветен третман, но и дека позасилено ќе се работи на стерилизација, вдомување и конечно улиците на Скопје ќе бидат без невдомени животинчиња. Ваквата состојба оди во прилог на сите, пред се на животните кои нема да бидат на улица , на оние луѓе кои не ги сакаат а и на оние кои ги сакаат и се грижат за нив. Секако можеби подолго време ќе чекаме на подигнуање на свеста на оние „газди“ на кучиња кои цели легла оставаат без никаква совест на улица.
Е. Максимовска