Сеќавање на Војо Стојаноски

Војо Стојановски (роден на 2 февруари 1949, Букојчани, Кичевско- починал на 6 мај 2014 година)

Македонски музичар, автор и пеjaч на народна музика.

Во текот на својата кариера, Стојановски испеал поголем број хитови, од кои најпознати се: „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“, „Свадба голема“, „Нема друга Македонија“, „Суводолица“, „Свадба румелиска“ и други. Атор на текстот на неговата најпозната песна “Ти донесов млада невеста” е Ристо Краповски. По неговата смрт бил објавен компилацискиот албум (на два компакт диска) „Моја Македонијо“, кој содржи 19 песни што Стојаноски ги изведувал на фестивалот „Гоце Фест“. Издавањето на албумот било помогнато од Министерството за култура на Македонија.
Во 1975 година, учествува на фестивал во Пробиштип, на кој освојува прво место со песната „Море абер дојде Ајше ле мори”. Членовите на комисијата во кој биле познстиот гајдаџија Пеце Атанасовски, Јонче Христовски и Мате Грујовски, го убедувале Војо професионално да почне да се занимава со музика.
Најбргу потоа ги снимил првите песни за тогашната РТС, меѓу кој биле: „Стојане море Стојане”, „Ако си се Севде научила”, „Лудо се спрема на гурбет да оди”, и „Се собрале комитите”. По исистирање на продукцијата на РТС, војо ги снимил песните од неговиот крај „Денес сабота ми е”, „Погинал Стојан загинал”, „Коња водам Анѓе”, „Зората се зазори”.
Во наредната деценија Војо често настапува во дует со пеачите Мирко Митревски, Виданка Ѓорѓиевска и Блага Петреска.
Во овој период тој станува особено популарен меѓу македонската дијаспора со своите патриотски и печалбарски песни. Тоа му овозможува да замине за прв пат во Австралија во 1985 година. Неговото гостување предизвикало голем интерес кај напинците кој масовно ги посетувале неговите концерти.
Војо, за првпат учествува на Фолк Фест Валандово во 1986 година. Тој ги одбира текстивите што ги пее, а долго време има соработка со Радмила и Никола Митровиќ, кој ги пишуваат текстовите, музиката и аранжманот на песните „Свадба е голема”, „Свадба румелиска„, „Среќна ти мајко слава”. Потоа кога почнува да ги пее новите песни,

 

Војо соработувал со: Борче Нечовски, Орце Зафировски и Огнен Неделковски.
Во 1992 година, учествува на фестивалот „Камбера” во Австралија, каде што со песната „Нема друга Македонија” го освои првото место. Војо сам ги пишувал текствовите на песните „До каде има сој македонски”, „Дојде ден да се сплотиме”, „Една мисла имаме”. Една од неговите попознати песни „Суводолица” е напишана од неговиот колега Ванчо Тарабунов.
Во својата долгогодишна кариера Војо има реализирано 35 турнеи во Австралија, 20 во Америка и Канада и стотина пати бил во европските земји. Во осумдесеттите години од минатиот век снимил една плоча за „Југотон” од Загреб и четири касети за „Југодиск” од Белград. Во Белград ја снимил песната „Јас сум чисто Македонче”.
Од неговите потомци засега само Дамјан продолжил по стапките на татко му, запишувајќи се на Факултетот за музичка уметност на отсекот – соло пеење. Кога започнивапе музичка кариера на фестивалот „Филиграни“ ја доби наградата за најдобар дебитант, а на „Гоце Фест“ ја освои првата награда на публиката, за песната „Ај со господ напред“.
Сега е веќе познат пејач со голем број убави песни и хитови.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.