Сеќавање на Косте Кусаковски

На 22 ноември 1942, убиен е Косте Кусаковски, првоборец од с. Подмочани, Преспа.. Како истакнат активист и револуционер во Народноослободителното движење се вклучува веднаш по окупацијата на земјата. Учествува во поставувањето на основите на скоевската организација и е еден од нејзините први членови, што е формирана во месец септември 1941 година во неговата родна куќа во с. Подмочани.

Беше еден од првите доброволци во Битолско-преспанскиот одред “Даме Груев”. Косте Кусаковски и Јордан Наумовски добиле задача да извршат атентат врз Трајко К. Го фатиле Трајко кога бил на лов, го врзале и разоружиле. Но, поради нивно невнимание, додека Јордан бил на стража Трајко успеал да се одврзе, го нападнал Костета Кусаковски, го ранил во устата и започнал да бега.

Не можејkи да го поднесе настанот и не сакајќи жив да падне во рацете на непријателот Косте проба да се самоубие. Така беспомошен беше затворен во селото во куќата на Ѓорѓија Кочовски, каде се наоѓале италијанските карабинери, испитyван и измачуван од страна на Италијанската полиција. Наредниот ден на 22 ноември 1942 година, пред насилно насобраното население во с. Подмочани беше јавно стрелан, на свои 19 години.

***

Роден на 20.III.1923 година во с. Подмочани.

Потекнува од земјоделско- печалбарско семејство. Уште во раната младост ги почувствува горчините на животот и неправдите на бившата југословенска власт. Тоа го принуди да се вклучи во напредното револуционерно движење.

Како истакнат активист и револуционер во Народноослободителното движење се вклучува веднаш по окупацијата на нашата земја. Учествува во поставувањето на основите на скоевската организација и е еден од нејзините први членови, што е формирана во месец септември 1941 година во неговата родна куќа во с. Подмочани. Како резултат на неговата приврзаност и револуционерност истиот месец е примен и за член на КПЈ, а во првата половина на месец јануари 1942 година станува и секретар на Третата партиска ќeлиja во своето село.

Во текот на 1941/1942 година неговата куќа беше собиралиште на напредни револуционери и илегалци, каде се одржувани многубројни партиски и скоевски состаноци.

Како резултат на ваквата активност, во месец февруари 1942 година е примен за член на реонскиот воен комитет за територијата на Преспа под италијанска окупација.

Пролетта 1942 година Косте целосно се оддава на спроведување Одлуката за формирање на партизански одред во Преспа. Врши многубројни и одговорни задачи што му беа поставувани, како прибирање оружје и друг воен материјал. Го прифаќа и префрлува првото јадро за формирање на одред во Преспа, од територијата на Преспа под италијанска окупација, на територијата под бугарска окупација.

На 28 авryст 1942 година беше еден од првите доброволци што на повик од Партијата на другарите од веќе формираниот Битолско-преспански НОП одред “Даме Груев” се вклучува во неговите редови. Во Одредот беше необично ценет поради неговоtо другарство и храбро држење.

Учестува во нападот што Одредот го изврши во с. Сопотско, а потоа со својата група се префрла во родното село каде што се сместyва кај организирани другари и роднини. При обидот за повторно вклучување во Одредот беше откриен од злогласниот шпион од селото, Трајко К. и на измама, ранет во устата. Не можејkи да го поднесе настанот и не сакајќи жив да падне во рацете на непријателот проба да се самоубие. Така беспомошен беше затворен во селото, испитyван и измачуван од страна на италијанската полиција.

Наредниот ден на 22 ноември 1942 година, пред насилно насобраното население во с. Подмочани беше јавно стрелан. Неговото храбро држење стана пример и поука како треба храбро да се држи и бори за идеалите на Партијата и Револуцијата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.