Фото:Wikimedia
На 6 октомври 1943-та година кај селото Кленоец, Кичевско, во борба против балистичките и германските сили загина Јосиф Јосифовски – Свештарот.
Јосиф Јосифовски- Свештарот (Гевгелија, 2 август 1915- с. Кленоец, Кичевско, 6 октомври 1943) – македонски комунист, учесник во НОБ и народен херој.
Роден е на 2 август 1915 година во Гевгелија
Починал на 6 октомври 1943 година (на возраст од 28 години) во Кленоец, Кичевско.
Јосиф Јосифовски е роден во Гевгелија на 2 август 1915 година, во сиромашно семејство. Како стипендист се школувал во Крагуевац, Шумадија, а потоа студиите ги продолжил на правниот факултет во Белград.
Учествувал во сите демонстрации, протести и акции во Белград што ги организирале студентите, поради што бил апсен. Станал член на КПЈ во 1938 година.
По завршување на студиите, не можејќи да најде работа во родниот град, Јосиф Јосифовски заминал во Струмица во 1940 година, каде се вработил како адвокатски приправник.
Учество во НОБ
Неколку месеци по окупацијата, во септември 1941 година бил испратен во Ресенската околија како инструктор на ПК на КПЈ за Македонија. Негова задача била да помогне во кревањето на вооружено востание во тој регион, каде бил уапсен од страна на италијанската полиција.
На 6 јули 1942 година на планината Бигла бил формиран партизанскиот одред „Даме Груев“, а Јосифовски бил поставен за политички комесар. Потоа бил наименуван за политички комесар на баталјонот „Мирче Ацев“, а во септември 1943 година, политички комесар на Втората оперативна зона во Македонија.
Тој дејствувал главно во Преспа и во другите реони под италијанско- албанска окупација. Од доаѓањето во Преспа во есента 1941 година Свештарот имал одржано состаноци со партиски организации скоро во сите села во Преспа под бугарска окупација, како што се селата Сопотско, Златари, Кривени, Лева Река, Болно, Евла и други, а неговото доаѓање по селата беше на тој начин што тој се претставувал како трговец со дрво, дрвен ќумур, волна, месо зависно од условите во секое село и дејноста на селаните со што се занимаваат.
На територијата на „Италијанска Преспа“, односно територијата под албанска администрација,со самото негово сместување во црквата во с. Царев Двор како свештар, тој имал можност легално да ги обиколува скоро сите села, меѓу кои Подмочани, Курбиново, Дрмени, Покрвеник, Лавци и други.
На денешен ден на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско, во борба против балистичките и германските сили загина Јосиф Јосифовски – Свештарот.
Неколку месеци по окупацијата, во септември 1941 година бил испратен во Ресенската околија. Негова задача била да помогне во кревањето на вооружено востание во тој регион.
На 6 јули 1942 година на планината Бигла беше формиран партизанскиот одред „Даме Груев“, а Јосифовски беше поставен за политички комесар. Потоа беше наименуван за политички комесар на баталјонот „Мирче Ацев“. Тој дејствувал главно во Преспа и во другите реони под италијанско-албанска окупација. Од доаѓањето во Преспа во есента 1941 г., Свештарот имаше одржано состаноци со партиски организации скоро во сите села во Преспа под бугарска окупација, како што се селата Сопотско, Златари, Кривени, Лева Река, Болно, Евла и други, а неговото доаѓање по селата беше на тој начин што тој се претставуваше како трговец со дрво, дрвен ќумур, волна, месо и др., зависно од условите во секо село и дејноста на селаните со што се занимаваат. На територијата на „италиајнска Преспа“, односно територијата под албанска администрација, со самото негово сместување во црквата во с. Царев Двор како свештар, тој имаше можност легално да ги обиколува скоро сите сел, како Подмочани, Курбиново, Дрмени, Покрвеник, Лавци и др. Сш
Според пишувањата на професор Гоце Митревски во Подмочани имал престојувано во куќата на Кечуловци, кај Косте Кусаковски, Борис Шушевски, Живко Стефановски и други.
Јосиф Јосифовски- Свештарот е опеан во неколку народни песни, а пак Јордан Наумовски од Подмочани и соборец на Свештарот, раскажува дека кога Свештарот бил добро расположен ја пеел неговата омилена песна „Ој Недо, Недо, земи ме Недо.“ Еве ја истата таа песна испеана од Рубинчо Благадуша. https://youtu.be/nrHdvqqgEtA
Загинал на 6 октомври 1943 година кај селото Кленоец, Кичевско, во борба против балистичките и германските сили, штитејќи ја слободната територија во Западна Македонија. Заедно со него во оваа борба загинaле повеќе од 70 партизани.
За Народен херој е прогласен на 11-ти октомври 1951.
Споменикот во село Царев двор