Богојавление- Водици, во Гевгелија, беше одбележан со положување на чесниот крст во водите на реката Вардар. Во присуство на свештените лица од Гевгелиското Архиерејско намесништво, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов и голем број граѓани, беше извршено осветување на водите на реката Вардар и положен крстот во вардарската река. Меѓу дваесетемина скокачи, чесниот крст го изнесе бугарскиот граѓанин од Русе, 28-годишниот Теодор Цветков.
Од Општина Гевгелија, за среќникот беше обезбеден подарок, лаптоп, којшто му го додели градоначалникот Сарамандов, честитајќи му за подвигот. Сарамандов упати честитки и до сите храбри момци кои учествуваа во традицијата за извлекување на чесниот крст во водите низ општина Гевгелија, а на сите граѓани им посака мир, здравје, пород и разбирање.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.