Во саботата се одржа третата по ред детска поетска манифестација „Детски гласови 2022“, настан со богата програма, со сите нишани, милина за душа
во спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен. Голема чест со своето присуство направија гостите од многу градови на Македонија. Најпрво се направивме ритуалот „Цветна порака за мир“ од почитуваниот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин, по традиција од лани , но сега во училишниот двор на ООУ „ Мите Богоевски“. Тука децата од различни места познати и непознати се фатија за раце и ја предадоа штафетата на мирот, со најсилен глас викнаа: „Да има мир во светот“ и испуштија шарени балони кон небото.
Настанот го отвори сопругата на градоначалникот г-ѓа Весна Тозиевска.
М-р Даринка Веслиевска како уредник на истоимената збирка „Детски гласови“ и програмски уредник направи промоција на делото и со големо задоволство и огромна почит прочита дел од воведот на почитуваниот писател за деца и млади г-дин Горјан Петревски. Свое обраќање имаа: Тања Ангеловска член на стручното жири, М-р Биљана Тодоровска- рецезент, и Сотир Чаушевски со топол поздрав ги поздравија децата автори. Лектор на збирката е проф. Рамазан Раманоски.
Водителка беше младата поетеса Сара Марковска, а секое присутно дете си ја рецитираше својата песна и си доби примерок од збирката и благодарница/пофалница.
Оваа година програмата со свои музички точки ја збогатија: Симона Ангеловска на пијано, Наум Бумбаровски и Стефан Стефановски на гитара, кои дебитираа, но прекрасно ги изведија своите точки. Девојките од ТСК Спортакус Битола на чело со тренер и професор Дона Димовска ја развеселија и живнаа публиката со своите преубави 4 танцови точки.
На крајот се прочитаа десетте пофалени песни според жири комисијата во состав: Валентина Јовановска, Тања Ангеловска и Весна Принзевска Здравески, и се доделија наградите на првите три места според гласовите на публиката на фејсбук страната и три места според жирито.
За убавите фотографии се погрижи Кице Герасовски, озвучување Благоја Кечуловски и Христијан Милошевски.
За печатење на збирката се погрижи професионалниот тим на печатница „ Графопром “ од Битола.
Сите деца автори имаа преубави песни.
Посебно пофалени 10 песни од стручното жири се:
1″Мерило”од Василија Ѓорѓиева 16 години од Дрвош Струмица;
2″Ако љубовта е пламен” Иван Јангелов 18 години од Пехчево;
3.” За подобро утре ” Ана Цветковска12 години од Ресен;
4.” Да градиме мир” Катерина Трајковска 14 години од Босилово, Струмица;
5.” Патот до успехот” Елена Нечовска 16 години од Ресен;
6. .”Љубовен Копнеж” Мартин Дојчиновски 13 години од Демир Хисар;
7.”Рисот Ришко” од Ердал Беќири 14 години од Жировница;
8.” Богатство на баба”Илина Наумоска 8 години од Прилеп;
9. “Ликот на жената која ме порасна” Атиџа Адеми 11 години од Ростуше;
10. “Книга” Христијан Бошев 10 години од Кавадарци.
Жири комисијата гласовите ги даде на:
*”За сите мајки” Ване Гавровски 13 години од Босилово Струмица прво место;
*„За Работничката ” Мелани Иванова 17 години од Штип
второ место;
*”Разговор со ѕвездите” Верица Клокановска 9 години од с. Царев Двор, Ресен трето место.
Публиката на фејсбук страната на здружението гласаше вака:
Анастасија Ѓореска 13 години од Македонски Брод -прво место;
“Мојата мајка” Мартина Трајковска 13 години од Куманово- второ место;
„Љубов кон мојата татковина” Горазд Трајковски 10 години од Скопје- трето место.
Овие шест наградени си добија по едно пехар за спомен, изработени од „Викели“ -Прилеп.
“Драги деца, Ви благодариме за можноста да бидеме дел од вас, вие топло нѐ прегрнавте со песните. Со ДЕТСКИ ГЛАСОВИ 2022 заедно викаме од радост и го полниме универзумот на поезијата со уште една сјајна ѕвезда!”, порача организаторот.