ССКМ: Македонските дестилерии и винарии, откривање на душата на дестинациите

5.09.2024

Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружение Македонски Дестилерии Кавадарци потпишаа Меморандум за соработка со цел

воспоставување на меѓусебна тесна координација, планирање и реализација

на активности за застапување на интересите на дестилериите, нивно позиционирање на извозните пазари и промоција.

Во име на двете институции Меморандумот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и претседателот на Здружение Македонски дестилерии Александар Клинчаров

“Поддршката на малите и микро компании е важен аспект од работењето на Сојузот бидејќи малите семејни дестилерии треба да имаат посебно место на пазарот кое ќе им дозволи да го истакнат високиот квалитет на производите кои ги создаваат со врвни енолози.

– Со овој меморандум ја формализираме нашата заложба да им дадеме целосна и безрезервна поддршка преку нивна застапување, промоција, вмрежување и различни други форми на

активности, каде нашата Туристичко угостителска комора со својата експертиза ќе учествува во создавање на ено гастро концептот и ќе се вклучи за дополнителен маркетинг на македонските дестилерии,и да се намали јазот меѓу мали и големите производители”, изјави Ангелоски.

“Македонските семејни винарии постојат како здружение две години и во него членуваат 30 регистрирани дестилерии, и со поддршка на Сојузот на стопански комори заеднички ќе делуваме на сите предизвици и законски

промени за наше успешно деловно работење,и наша зголемена промоција и препознатливост на македонските брендови”, истакна претседателот на дестилериите Клинчаров

Меморандумот предвидува соработка за лобирање и застапување на интересите на македонските дестилерии пред сите домашни и меѓународни организации и институции, заеднички настап на извозните пазари, поддршка во градење препознатливост на македонските дестилерии на регионалните и

меѓународните пазари, активности за промоција и развој на вински туризам.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.