Регионална Канцеларија за младинска соработка (RYCO) на ред ги стaвa темите поврзани со младинската агенда, вклучување на младите во регионални проекти и генерално, програмите и активностите на RYCO во овие теми, со цел младинските политики и можностите за млади да допрат до пошироката јавност и да ги информира и вклучи оние млади кои досега немале можност да ги искористат ваквите и слични можности.
Наскоро ќе сподели повеќе информации за тековните можности за млади и проекти кои ги спроведува RYCO на регионално ниво:
– Проектот “Суперучилишта” и отворениот повик за аплицирање на средните училишта. RYCO ќе ги запознае медиумските работници со начинот на апликација и придобивките кои ги имат средните училишта, наставниците и учениците од регионални размени на ниво на Западен Балкан. Во овој отворен повик ќе се поддржат 100 средни училишта и до 1200 ученици.
– Проектот “RISE” кој се спроведува во соработка со локалната невладина организација „АРНО”. Колегите од „АРНО” со присутните ексклузивно ќе ја споделат информацијата за новиот повик за млади социјални претпримачи, ќе споделат искуства на наши социјални бизниси (Пр. Како по инспирација од Литванија, млад тим од Штип ќе ја основа првата градинка на отворено). Присутните медиумски работници ќе имаат можност и поблиску да се запознаат со светскиот тренд на социјална економија, која во услови на светски промени и кризи е се поактуелна и е на врвот на дебатата.