13.03.2023
Во врска со објавениот повик на Општина Гевгелија и УНДП за финансирање на предлог-проекти во рамки на ReLOaD2- Програмата на Западен Балкан, познати се граѓанските организации кои ќе реализираат проекти до крајот на февруари, 2024 година, а од значење за граѓаните на општина Гевгелија. Имено, по евалуацијата на поднесените 9 проекти од граѓански организации, Комисијата донесе одлука финансиски да бидат поддржани 4 граѓански организации за проектите: „Од станица до граница“- „Јас = Медиум“, „Поддршка“- Гевгелија- „Еднакви права за сите“, Фондација „Аполонија“- „Доживување на втора младост во трето доба“ со буџет до 615.000 денари и Спа и Велнес Асоцијација на Македонија (СВАМ)- „Акција за здрави млади“ со буџет до 1.845.000 денари.
Резултатите се објавени на официјалната веб-страна на Општина Гевгелија во делот Соопштенија, а Одлуката на Одборот на партнери на ReLOaD2 за резултатите е конечна и по неа не може да се поднесуваат жалби.