Првиот викенд од новата година, ЗПСК „Кожуф“ организираше искачување на врвот Чичи Каја, висок 1767 м. 36-члена екипа започна со искачувањето од Асан Чешма до врвот, со вкупна должина во два правца од 5.5 км. Имено, со оваа акција започна одбележувањето на календарската планинарска година.
И тоа, во снежни услови, без поголеми препреки во достигнување на целта. Водич на првата акција беше Рената Тодова, секретар на ЗПСК „Кожуф“- Гевгелија, а помошници: Ристо Каркалашев,
Саше Динев, Бојан Георгиев и Зафир Старделев.
На самиот врв, членовите го прославија почетокот на новата година со отворање шише шампањско, наздравувајќи и
посакувајќи си здравје и успешна нова година со многу реализирани планинарски акции. Особено, оваа година кога Клубот го прославува 70-годишниот јубилеј од своето постоење.
Прво искачување на Кожуф во 2022 година
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.