Гевгелија, вчера, 22.03.2023 година, беше домаќин на дипломатските претставници од 23 амбасади, предводени од 9 амбасадори.
Притоа, на овој дипломатско- економски карван, што беше организиран во соработка со Министерството за надворешни работи и Бирото за регионален развој, беа презентирани
економските потенцијали на Општина Гевгелија и можностите за инвестирање. На настанот во хотел „Аполонија, присуствуваа амбасадорите на: Аргентина, Косово, Италија, Монголија, Белгија, Јапонија, Египет, Шпанија и Австралија, како и економски советници од 14 амбасади во Скопје, Софија и Белград. Исто така, на средбата присуствуваа претставници на: МНР, Бирото за регионален развој, Центарот за развој на ЈПР, УГД „Гоце Делчев“ од Штип, како и бројни гости од Општина Гевгелија.
Добредојде им посака градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
и пријатен престој во најјужниот град на нашата земја, препознатлив по својата отвореност и гостопримство. Низ Општина Гевгелија минува транзитниот коридор 10, и меѓународната железничка пруга Скопје-Солун, низ кои годишно транзитираат над 7 милиони патници. Општина Гевгелија, се наоѓа крај самата државна граница со Република Грција, низ
нејзината територија минува транзитниот коридор 10, и меѓународната железничка пруга Скопје-Солун, низ кој годишно транзитираат над 7 милиони патници. Ваквата местоположба,
поволната медитеранска клима и компаративните предности овозможија со години по ред Гевгелија да биде привлечна
туристичка дестинација, но, и препознатлив производствен
центар.
– За поголема искористеност на економскиот потенцијал, Општина Гевгелија е отворена за соработка и на заинтересираните инвеститори им нуди поволни услови за развој на нивните проекти. Како Локална самоуправа, денес ќе ви
презентираме дел од нашите идејни концепти за поголема искористеност на геотеремалните наоѓалишта во општина Гевгелија, поволните туристички погодности на Кожуф планина и
заштитата на богатото културно наследство. Општина Гевгелија ги поддржува и промовира сите новитети, иновации и технолошки
решенија од интерес на граѓаните од општината. Истовремено, наша цел е да ги искористиме компаративните предности кои ни
се на располагање, да обезбедиме современа инфраструктура и одржлива животна средина, како услови за отворање нови и инвестициски можности и поттикнување на економскиот развој, рече градоначалникот Андон Сарамандов.
Пред присутните дипломатски претставници,
раководителката на Секторот за урбанизам, градежништво и просторно планирање при Општина Гевгелија, Ирена Томчев, ги
презентираше идејните проекти за урбанизирање на просторот и уредување на туристичка населба крај браната „Конско“, за
ревитализација на Старата чаршија во Гевгелија, заради заштита на ова значајно културно наследство, како и за поголема
искористеност на геотермалните води кај Смоквица за потребите на земјоделството, но и воопшто за затоплување на станбените и
други објекти.
Исто така, пред дипломатите и економските претставници своите производни капацитети и можности за инвестирање ги презентираа и компанијатабкока е најголемиот
производител и извозник на полиетиленски цевки на Балканот и пошироко, винаријата која извезува 18 милиони литри вино годишно и една компанија која целото свое производство на преработки од зеленчук и овошје го пласира на странскиот пазар.
Додека, деканот на УГД „Гоце Делчев“ од Штип, д-р Татјана Бошков, ги презентираше активностите и можностите што ги нуди
Факултетот за туризам и бизнис- логистика во Гевгелија.
Презентирани економските потенцијали пред дипломатските претставници на 23 земји
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.