четврток (23 декември), 11 часот, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Кампус 2, Амфитеатар 2.
Нетретирани испуштања на комунални и индустриски отпадни води, прекумерна примена на неоргански азотни ѓубрива, тешки и токсични метали и енормно намалување на нивото на водата се некои од факторите кои го влошуваат квалитетот на водите во Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро.
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (УГД), во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“, Ве поканува на презентацијата на извештајот од мониторингот на квалитетот на водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро за 2021 година, што ќе се одржи во четврток (23.12.) во универзитетскиот Кампус 2 (Амфитеатар 2).
Основна цел на мониторингот беше да се утврди квалитетот на водата во трите езера кои се користат за различни намени (туризам и рекреација, наводнување и водоснабдување), и тоа во два периода од годината – на пролет кога се полнат со вода и на есен кога нивото на сите езера е на најниско ниво.
Извештајот ќе го презентираат проф. д-р Ѓорги Димов и проф. д-р Дејан Мираковски од Лабораторијата АМБИКОН при Природно-математичкиот факултет на УГД – Штип.
Презентација на мониторингот на водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро за 2021 година
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.