Право на достоен живот – Го имаат ли сите кога државата затајува?

Под мост во Аеродром ( во близина на универзитетот Фон), живее цело семејство под отворено небо. Тричлената фамилија која останала без дом,  ги чува и издржува синот, кој собира пластични шишиња. На овој начин им обезбедува на родителите основни средства за хигиена и парче леб. Мајката неодамна  преживеала мозочен удар и останала со оштетен говор  , па таткото се грижи за неа додека синот собира шишиња и макотрпно работи да  го донесе најосновното.

За жал приказната се повторува и тука, кога најсиромашните делови на општетсвото побараат помош од државните институции. Вратите и за нив останале затворени. И кога државата затајува со своите институции повторно на дело доаѓа хуманоста на луѓето.

Многу такви хумани луѓе деновиве поминуваат да ги посетат на нивната  локација и оттаму апелот до луѓето кои имаат можност било како да му помогнат на ова семејство. Секој што сака да помогне со храна, средства за хигиена, облека а особено зимска во пресрет на студот и снегот, секако и привремено живеалиште може да појде кај луѓето дирекно. Никого нема да избркаат или да не го пречекаат.

А дотогаш, додека со страв ја чекаат зимата, треба ли да очекуваме свеста на надлежните да проработи ? Или тоа е исчезната појава?

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.