Фестивалот “Распеано детство 2022” ќе се одржи по 17 пат, на 27 мај 2022 во националната установа центар за култура ,,Трајко Прокопиев,, во Куманово. Во зависност од заинтересираноста можно е фестивалот да се одржи во две вечери, 26 и 27 мај.
Во тек е информацијата дека е отворена аудиција на заинтересирани деца-пејачи која ќе се одржи он-лине. Во подготовка е спектакуларно издание на фестивалот со полна раздвижена сцена, со учество на кловн, анимација со јунаци од детските цртани филмови (Мики Маус, Душко Долгоушко и слични јунаци), со жонглери и други видови на сценски адаптации кои ќе бидат несекојдневни за учесниците и посетителите.
Фестивалот ќе биде снимен од професионална телевизиска екипа, ќе биде издадено фестивалско ЦД – носач на звук и истиот ќе биде достапен до секој оној кој ќе има желба да го проследи преку Ју-Тјуб каналот на здружението “Ризница” организатор на фестивалот.
Фестивалот ќе има меѓународен карактер со гости учесници од Бугарија, Србија, Косово, Црна Гора, како и гости учесници со веќе воспоставените релации од слични фестивали од овој тип како што е “Распеано Симитче”.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.