8.10.2024
На 91 годишна возраст почина американската соул пејачка Сиси Хјустон, мајка на покојната Витни Хјустон, и добитничка на Греми награда .
Нејзината снаа Пет Хјустон за „Асошиејтед прес“ потврди дека пејачката починала во нејзиниот дом во Њу Џерси, поради Алхајмерова болест.
Сиси Хјустон е родена како Емили Дринкард на 30 септември 1933 година во Њуарк. Пораснала во музичко семејство и ја започнала својата кариера пеејќи во црковниот хор, а подоцна била и член на евангелската група „Дринкард сингерс“, основана од нејзината постара сестра Ли.
Во текот на 1960-тите се приклучила на групата „Sweet inspiration“, придружна вокална група која соработувала со легендите Арета Френклин и Елвис Присли.
Како соло изведувач, Хјустон издала неколку албуми и се истакна со хитовите „Think It Over“ и „Warning- Danger“.
Ја освои наградата Греми за најдобра госпел изведба во 1996 година. Нејзината кариера остана во сенка на приватните семејни настани, особено поради прераната трагична смрт на нејзината ќерка Витни Хјустон.
(Фото: Википедија)