Институтот за комуникациски студии (ИКС), ја информира јавноста дека видеото со извидникот Петар Ачкоски е сопственост на Институтот.
ИКС овој викенд снимаше кратки видеа за извидниците и за нивната љубов кон природата, но и како треба да ја заштитиме. Секој малолетник кој е сниман е со дозвола на родителите. Материјалот кој се споделува е работен материјал, кој за жал, вирално се прошири.
Извидникот Петар, како и сите други извидници со кои ги снимавме нивните авантури на изворот на реката Бабуна веќе од денеска ќе може да ги следите на социјалните канали на ИКС, информира Жанета Трајкоска, директорка
Институт за комуникациски студии.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.