Работната недела на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, започна во весела атмосфера, предизвикана од честитка за Општинскиот празник- 7 Ноември, 2024 година. И тоа, од најмалите жители на општина Гевгелија. Во Салата за состаноци во Општина Гевгелија, градоначалникот Сарамандов ги
прими дечињата од ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија заедно со нивните воспитувачки и негувателки. На приемот, дечињата со
радост и песни за Гевгелија му го честитаа 7 Ноември, а притоа, имаа и можност да му постават и по некое прашање за неговата
работа и работата на Општина Гевгелија.
***
Продолжуваат културно-уметничките настани со коишто се одбележува Општинскиот празник во Гевгелија, 7 Ноември.
Вечерва, 6.11.2024, во организација на НУ Музеј- Гевгелија, ќе биде отворањето на
Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, во Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија, со почеток во 19:00 часот.
На Изложбата, со уметнички дела и скулптури ќе бидат застапени 15 ликовни уметници: Адриана Манчева, Aнамарија
Митриќеска Кал’чева, Александар Јанев, Вангел Срнаков, Ана Петрова, Атанас Крстев, Јордан Јанев, Иван Кал’чев, Мирјана
Крстева Массетти, Михаил Петров, Гордана Николовска Петрова, Перо Кованцалиев, Никола Бутров, Фиљо Танов, Драги Хаџи-
Николов и Дамјан Ѓуров.
***
И ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија со своја активност го чествува Општинскиот празник- 7 Ноември. Денеска (6 ноември),
во 18:00 часот, Основното музичко училиште организира концерт по повод 80 години од ослободувањето на Гевгелија. Во
балетската сала, ќе настапат ученици од сите класи во Училиштето, со 21. музичка точка.
Како што велат од ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, концертот го посветуваат на љубовта кон родниот град и на луѓето кои го правеле и го прават голем и горд во изминатите 80 години.
***
Утре (7 ноември), на самиот ден на Општинскиот празник и одбележувањето 80-годишен јубилеј од слободна Гевгелија,
Градоначалникот на Општина Гевгелија и делегации на Советот на Општина Гевгелија, фукнционери, политички партии и Сојузот
на борци ќе полагаат цвеќе пред спомен-обележјата во Гевгелија,во 11:30 часот.
Потоа, пред платото на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 12:00 часот, ќе продефилираат учениците од основните училишта на подрачјето на општина Гевгелија заодбележување на празникот 7 Ноември.
Вечерта, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи 50. поред (свечена седница), во Народниот театар – Гевгелија, со
почеток во 19:00 часот. На свечената седница, по повод 7 Ноември, обраќања ќе имаат градоначалникот на општина
Гевгелија, Андон Сарамандов и претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Патрик Матх. Притоа ќе им бидат врачени Седмоноемвриските награди за посебни достигнувања и афирмација на општина Гевгелија- Сребрена плакета на Илија Атанасов, Димитар Димитровски- Моте и Тони Аврамов; Златна плакета на Никола Гелебешев (постхумно), Глигор Гелебешев и Сашко Олумчев; и за животно дело на Саве Паноров.
Веднаш по седницата, со почеток од 19:45, во Народниот театар- Гевгелија, премиерно ќе биде изведена балетската претстава „Исповед“ на Национална опера и балет, чијаштопоставка е на кореографот Саша Ефтимова.
– Концептот на „Исповед“ често се манифестира како сурова, искрена форма на самоизразување што им овозможува на
танчерите да пренесат длабоко лични или универзални вистини.
За разлика од традиционалното раскажување приказни или структурирани наративи, современиот танц опфаќа апстрактно и симболично движење за да ги истражи темите на ранливост, автентичност и емоционално ослободување- стои во синопсисотза балетската претстава.
***