Општина Гевгелија подготвува богата Новогодишна програма

За зголемување на претпразничната радост кај дечињата, ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија подготвија дводневна, новогодишна, културно- уметничка програма.

Денес (26 декември 2024 година), во Народниот театар- Гевгелија, од страна на членовите на Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија ќе биде изведена театарската претстава за деца „Енгеле, бенгеле“ по сценариото на професорот по македонски јазик и литература, Тони Аврамов, а во режија на Катица Џишева Дупарова. Претставата ќе биде прикажана во два термина, со почеток од 10:00 и 11:30 часот.

На 27 декември 2024 година, следува традиционалната манифестација „Дочек на Дедо Мраз“ на Градскиот плоштад, во 12:00 часот. Дечињата ќе имаат можност да го дочекаат и се сликаат со Дедо Мраз, а забавниот дел ќе биде проследен со концерт на Детскиот фестивал „Калинка“ и настап на Танцовото студио „Мистик“.

***

ТРАДИЦИОНАЛЕН НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД

 

Покрај украсувањето на градот со разновидни содржини и Новогодишен базар во организација на Општина Гевгелија, новогодишната атмосфера во општина Гевгелија ќе биде збогатена и со традиционалниот новогодишен дочек на Градскиот плоштад. За дочекот на 2025 година, Општина Гевгелија и годинава подготви богата музичко-забавна програма. Граѓаните ќе имаат можност заеднички да ја испратат 2024 година со: концерт на Ефто Пупиновски и „Милениум бенд“, „Либра бенд“, „Европорта Фест“ во организација на Здружението „Внимание“- Гевгелија на кој ќе настапат млади музички таленти од општина Гевгелија со изведба на домашна и странска музика и настапот на Ѓорге Митров. Помеѓу настапите на музичките изведби, за изнудување смеа кај присутните на новогодишната забава, е задолжен гевгелискиот stand-up комичар, Дејан Малзарков, со неговото шоу „Диверзија“. Водител ќе биде Никола Опров,

„Гевгелија заслужува да биде урбано место со богата музичка содржина преку целата година. Водејќи се од тоа дека традицијата треба да се негува, граѓаните ќе имаат можност заеднички да ја дочекаат Новата 2025 година на Градскиот плоштад во Гевгелија“- истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Поканувајќи ги своите сограѓани: „Да ја дочекаме заедно Новата 2025 година.“

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.