30.12.2021
Во пресрет на Нова година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид завчера даруваше донирани книги за децата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ во Охрид.
Претставничките на библиотеката на директорката на охридските градинки Мери Рилкова и подарија примероци од сликовниците од циклусот „Мила“ од авторката и голем донатор на книги Марија Џоџа Симон од Битола која живее во Германија , како и донирани книги од семејството на охридскиот автор Миле Волканоски „Добриот учител“ и „Приказна за штурецот и мравките“.
За возбудата и восхитеноста на децата при средбата со книгите најдобро сведочат фотографиите.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.