Во дворот на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, се изгради ново инклузивно игралиште, кое ќе биде место на безгрижна игра и правилен физички развој на учениците, вклучувајќи ги и децата со попреченост.
Инклузивното игралиште во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во кое се образуваат околу 1500 деца, беше изградено со вклученост и на Општина Струга, која од своја страна ги обезбеди неопходните услови за негова реализација.
Оваа активност се реализира како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој работи на подобрување на можностите за образование на децата, вклучувајќи ги и оние со физичка, сетилна и интелектуална попреченост преку обезбедување на пристапни и стимулативни средини за учење, како и високо квалитетна прилагодена настава за учениците..
Игралиштето го до играше компанијата ОКТА, ова е трето игралиште кое го донира во рамки на нејзината соработка со Фондацијата „Чекор по чекор“, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“,
заедно со игралиштата во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во скопската општина Аеродром и во општинското училиште „Кочо Рацин“ во Дојран.
Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ е финансиран од Европската Унија има за цел да ги подобри можностите за образование на децата со попреченост…
Во рамките на овој проект неодамна Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид ја доби првата сензорна градина во регионот, со што станува побогато инклузивно и пристапно место за учениците со типичен и атипичен развој. Ова е прва сензорна градина која ХАЛК банка ја донира во рамки на нејзината соработка со Фондацијата „Чекор по чекор“, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.
Оваа сензорната градина во Основното училиште „Григор Прличев“ во кое се образуваат повеќе од 1000 ученици е од огромна важност и за Општина Охрид.
Нови катчиња за децата со попреченост
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.