Почетна ЖИВОТ За генерациите што растат Нова Боенка од Кети Радевска подарена кај дечињата

Нова Боенка од Кети Радевска подарена кај дечињата

24.12.2024

Од печат излезе Боенката на ликовната уметница Кети Радевска од Битола , која денес беше подарена во Детската градинка “Проле”- Битола за да ги израдуваат дечињата, за да учат да цртаат, да бојат и да бидат креативни.

За оваа Боенка прекрасниот дизајн на корицата и цела боенка е на Игор Трајковски- Фоја кој е и претседател на здружението “Латерал” кое помогна за Боенката, но како помагатели се и рецензентката на истата Гордана Такец, печатница Графопром- Битола и Општина Битола.

Боенката е поддржана како проект и дел од Зимската приказна- Битола.

-Детската радост е најискрени и најважна, секојдневната дружба со дечињата ме инспирираа да ја направам оваа Боенка, изјави авторката Радевска.

metropolis-big