Награди „Св. Климент Охридски“ за Ѓулумсер Касапи, Јован Павловски, Снежана Анастасова Чадиковска и Елена Дончева

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на седницата одржана на 16.11.2021 година, донесе одлука
за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија
Во областа на воспитанието и образованието наградата му се доделува на:
– проф. д-р Ѓулумсер Касапи, универзитетски професор.
Во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на:
– Јован Павловски, писател
– м-р Снежана Анастасова Чадиковска, музички уметник
– Елена Дончева, академски сликар – костимограф.
Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во ,,Службен весник на РСМ“ . Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2021 година (среда) во 12 часот, во Свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.
Претседател на Одборот за државната награда „Св. Климент Охридски“ е акад. Газанфер Бајрам

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.