Награди „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Врз основа на членовите 1, 2, 7, 12, 16, 17 и 18 од Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди  („Службен весник на РМ“ бр. 52/0654/07, 74/1299/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, на седницата одржана на 29.11.2021 година, донесе О Д Л У К А за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2021  година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија 

 1. За остварување во областа на публицистиката, државната  награда ја делат :

 – Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски – публицисти.

 2. За остварување во областа на новинарството, државната  награда ја делат:

– Аделина Марку и Марјанчо Николовски – новинари. 

 3. Оваа Oдлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна  Македонија“.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2021 година (вторник) во 12 часот во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.                                                                                    

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.