Награда „Мето Јовановски” за Денис Јанкуловска и Ленче Здравкин

Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе ОДЛУКА доделување на државната награда „Мето Јовановски“ за 2022 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
За остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права, наградата им се доделува на: Денис Јанкуловска и Ленче Здравкин. Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември 2022 година (сабота), во 12 часот, во Собранието на Република С. Македонија. Претседател на Одборот e Уранија Пировска.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.