“Мир денеска, мир и секој друг ден!”

Мирољубивиот уметник Живко Поповски- Цветин повторно одржа спонтана манифестација за мир, овој пат во Дом на Арм Скопје. Настанот се одржа во присуство на основци од скопското О.У. “Партение Зографски”, кои за него изучуваат на училиште преку песните на Бистрица Миркуловска, од романот “Цвеќе на мирот” лекција “Говорот” по македонски јазик за осмо одделение, како и во присуство на поети, поетеси и наставнички од Скопје.
Упати тивок цветен апел за мир насекаде, да се смират страстите онаму каде се војува или е на раб на војна и да се уважи хуманизмот насекаде, посака уметникот, на денот 22.02.2022, кој светот го означува како датум со ретка, совпадливост во бројките, која се случува на неколку века. “Мир денеска- мир и секој друг ден” , рече!
Талентираните ученици за сликање и цртање, Јована, Александра, Петар Манасиевски добија негови цветни цртежи, а поезија од поетите Мендо Димовски и Трајан Мартиноски читаа Катерина Митковска Претседателка на сојузот на просветни работници на град Скопје и други.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.