Медената Атиџе повторно сама со своите пчели- ветувањата од власта паднаа во вода

Медената Атиџе, главниот лик на нашиот најуспешен филм „Медена земја„ , го освои Холивуд, ги освои срцата на милиони луѓе на светот и затоа е многу тажно кога се читаат насловите со факти дека ништо од ветеното не и е исполнето. Ако е за утеха не е ни прва ни последна, но секако боли нечовечкиот и непрофесионален однос на оние што ветуваа.

Ветувањата беа големи, бајковидни и можеби затоа поверувавме затоа што таа излезе како од некој бајка на нашево македонско тло одамна заборавена, лик кој не потсети на тоа што е најважно. Нејзината реченица “пола за мене пола за пчелите-вас ќе ви дадам“ малку не сепна, но за жал само з акратко. Не  езалудна поговорката што важи за македонскотот тло “Секое чудо за три дена“ . Така и ова – Атиџе ја заборавија. Таа остана сама со своите пчели.

Таа не доби нов кров на куќата ветен од градоначалникот на Лозово , не стана туристички водич па дури не и се оствари најголемата желба да сними песна. А колку ли чини тоа? Сигурно помалку од дневниците за еден ден на пратениците кои со месеци седат дома и земаат народни пари од непостоечкото Собрание .

Тажно, и повторно тажно ..

М-р Татјана Гогоска 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.