По повод Европскиот ден на јазиците, на 28 септември 2024 (сабота) од 10:30 до 14:00 часот ќе се одржи настанот “Саем на јазиците” во кој КИЦ на РС Македонија во Софија ќе земе учество преку програмата за посетители, водена од актерот Марин Џишев и Марија Карилоска. Местото на настанот е Градскиот парк пред Народен театар „Иван Вазов“ во Софија, каде што ќе биде поставен и македонскиот штанд. Посетителите ќе имаат можност да се здобијат со брошури и каталози од Република С. Македонија.
Настанот, кој е дел од повеќе манифестации, се организира од културните институти од кластерот на EUNIC, конзулати и амбасади во Бугарија, Бугарската Академија на Науките, Софиски Универзитет, и со него се одбележуваат Европскиот ден на јазиците- 26 септември и Меѓународниот ден на преведувачите- 30 септември.
Македонскиот КИЦ во Софија учествува во одбележувањето на Европскиот ден на јазиците 2024
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.