Локална конференција „Гостивар – Општина посветена на децата“ ќе се одржи на 23 мај 2024 – Youth and Community Center, Гостивар, во рамки на проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“.
Како што веќе знаете, изминатите 12 месеци, во Гостивар спроведовме информативни сесии, фокус групи и низа обуки за зајакнување на капацитетите на воспитно – образовните институции и локалните власти со цел унапредување на правата на децата и нивно вклучување во локалното планирање во општина Гостивар. Истите ни помогнаа подобро да ги разбереме потребите но и да ги запознаеме ресурсите со кои располага Општината за оваа тематика. Врз основа на анализата на тие потреби, дизајниравме локални панели за креирање на стратешки план за општина Гостивар со цел унапредување на правата на децата и нивно вклучување во локалното планирање во општина Гостивар. Токму затоа, ги покануваме сите заинтересирани лица – воспитно – образовниот кадар, претставниците на локалната самоуправа, НВО сектор, родители/старатели, ученици и други чинители да ни се придружат на локалната конференција, објаснуваа организаторот Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”.
ПРОГРАМА:
23.05.2024, Младински центар (Youth and Community Center)
Драги Змијанац – Претседател и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши
Арбен Таравари – Градоначалник на Општина Гостивар
„Учеството на младите и функционирањето на Локалниот Младински Совет во Општина Гостивар” – Арт Спахиу, претставник од Младинскиот Центар- I CAN- “
“Процесот на формирање на Локалниот Младински Совет, улогата на ЛМС” – Азра Нуредини, службеник за млади во Општина Гостивар.
“Колку се грижиме за здравјето на децата?” – д-р Анета Чироска.
„Практични примери од општина Дебар“ – Армира Шарку, претставничка од општина Дебар.
„Правата на децата со посебни потреби“- претставник од Невладина организација за правата на децата со посебни потреби.
“Важноста на соработката училиште-семејство“- Фатјона Даут, психолог.
„Важноста на соработката училиште – општина – практични примери“ – Валентина Штерјовска, професорка – активистка.
„Насилство меѓу младите” – Елхаме Мемети, психолог.
“Работилница: од условени рефлекси до решавање на проблемот со кучињата скитници” – Њомза Шачири, професорка.
Формирање на општинските панели и состанок на членовите на работната група.
Улогата на работната група во креирање „Општина посветена на децата“
Проектот е финансиран од Европска Унија.