02. 07.2022, Скопје
Проф. д-р Калина Гривчева Старделова е реизбрана за претседател на Лекарската комора на Република С. Македонија на конститутивната седница на Собранието шна Комората која се одржа вчера во пшросториите на градската општа болница „8ми Септември“. Од присутните 75 делегати на Собранието поддршка на проф. д-р Гривчева Старделова дадоа 51, додека за другиот кандидат доц. д-р Емилија Велковска гласаа 24 делегати.
Проф. д-р Гривчева Старделова во своето обраќање пред членовите на Собранието даде краток преглед на активностите воизминатиот приод и ја презентираше програмата за работа во наредниот период.
Собранието ги избра и членовите на
другите органи и тела кои ќе ја водат
Лекарската комора во следните четири
години. За заменик-претседател е избран
д-р Беким Исмаили, додека за потпретседатели се избрани д-р Љупчо Стефановски, д-р Маја Манолева и д-р Алберт Леши.
За нов претседател на Собранието е
избран д-р Висар Муча, а за потпретседатели на Собранието на Комората д-р Александар Димовски и д-р Берат Лена.
Нови членови на Извршниот Одбор се д-р Лилијана Чолакова Дервишова, д-р Дафина Караџова, д-р Кадри Хаџихамза, д-р Тодор Кичуков, д-р Мевлудин Куч, д-р Илбер
Бесими, д-р Дениел Поповски, д-р Илир
Шурлани и д-р Џабир Бајрами.
Членовите на органите и телата на
Комората се заблагодарија за изборот и
ветија посветена и одговорна работа во
наредниот период.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.